Волонтирање

Волонтерство

logo_mk_cyr

ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА

СОС Детско село Македонија како здружение на граѓани во согласност со законот за волонтерство е организатор на волонтерска работа.

Преку вклучување на волонтери во нашата работа го подобруваме и поддржуваме квалитетот на нашата работа и воедно го промовираме волонтерството и општествената одговорност кај младите и младите професионалци во заедница. Истовремено ги зајакнуваме капацитетите и вештините на волонтерите и истите се стекнуваат со волонтерски ангажман и искуство.
Во текот на 2014 година СОС Детско село Македонија ќе ангажира вкупно 11 волонтери во своите програми.

1 Каде можам да работам како волонтер ?

СОС Детско село Македонија ја организира волонтерската програма во 5 СОС програми: (приватна установа за згрижување на деца и млади СОС Детско село Скопје) СОС Програма за грижа за млади Скопје 1 (нас. Бутел), СОС Програма за грижа за млади Скопје 2 (нас. Бардовци), СОС Советодавен центар за родители и деца во општина Гази Баба и СОС Советодавен центар за родители и деца во општина Шуто Оризари.

2 Во која област можам да волонтирам?

Може да аплицирате за волонтерска работа во следниве програми:

Програма за едукативна поддршка на младинци од средно образование во младинските програми

• Организирање и реализирање едукативна поддршка на младинци на училишна возраст од 14 до 18 години (I –IV средно образование):
- Поддршка при усвојување на наставен материјал
- Повторување и продлабочување на потребниот фонд на знаења од различни училишни предмети,
- Помош при изработка на домашни задачи
- "Учење" како ефективно да се учи

Потребен број на волонтери: 2

Потребни квалификации на волонтерот:

• Професор по природни или општествени науки;
• Искуство во едукација на деца/млади;
• Недискриминирачки пристап кон различна национална и верска припадност;
• Комуникациски вештини;
• Познавање на англиски јазик;
• Основни компјутерски вештини;

Временски период на ангажирање на волонтерот: од 01.01.2014 - 30.05.2014 и од 01.09.2014 - 31.12.2014

Програма за едукативна поддршка на деца од одделенска и предметна настава

- Организирање и реализирање едукативна поддршка на училишни деца на возраст од 6 до 14 години (I –IX основно образование):
- Поддршка на децата кои се соочуваат со образовни предизвици;
- Поддршка на деца при описменување;
- Едукативна поддршка на деца за компензирање на пропуштен материјал
- Поддршка при усвојување на потребни вештини за самостојно учење
- Помош при пишување на домашни задачи
- Развивање и оддржување на мотивација за учење и образование

Потребен број на волонтери: 5

Потребни квалификации на волонтерот:

• Педагог или професор по општествени науки,
• Комуникациски вештини и способности за работа со деца на различна возраст;
• Способност за работа со деца со различни етнички, социјални и образовни позадини и искуства,
• Индивидуални капацитети и способности за работа со деца (трпение, разбирање, упорност и отворен пристап кон децата)
• Способност за различен методолошки пристап кој најмногу ќе одговори на индивидуалните потреби на децата

Временски период на ангажирање на волонтерот: од 01.01.2014 - 30.05.2014 и од 01.09.2014 - 31.12.2014

Програма за поддршка во работа со деца и семејства во социјален ризик

- Прием на семејства во Советодавниот Центар и пополнување на формулари за само-упатување;
- Поддршка при изработка на документација за семејствата;
- Поддршка во реализација на посети во домовите на семејствата во социјален ризик;
- Дистрибуција на донации во предмети за семејствата во социјален ризик;
- Учество во организација на активности од социо-културен карактер, наменети за децата и семејствата во социјален ризик;

Потребен број на волонтери: 2

Потребни квалификации на волонтерот:

• Студент/дипломиран социјален работник;
• Комуникациски вештини;
• Познавање на англиски јазик
• Основни компјутерски вештини
• Недискриминирачки пристап кон различни националности;

Временски период на ангажирање на волонтерот: од 01.01.2014 - 30.06.2014 и од 01.09.2014 - 31.12.2014

Програма за административно техничка поддршка

- Одржување на просториите во Центарот;
- Ситни набавки;
- Дистрибуција на донации за семејствата во Центарот;

Потребен број на волонтери: 2

Потребни квалификации на волонтерот:

- Минимум основно образование;
- Комуникациски вештини,
- Недискриминирачки пристап кон различни националности;

Временски период на ангажирање на волонтерот: од 01.01.2014 до 31.12.2014

3 Каде и како да аплицирам?

Објавување на оглас

СОС Детско село Македонија објавува оглас за потребата од волонтери на веб страната во делот кариера.

Како да аплицирате

Доставете ваша кратка биографија на е-маил: kariera@sos.org.mk и наведете за која програма аплицирате за волонтер.

4 Како е регулирана и организирана мојата работа?

СОС Детско село Македонија склучува договор за волонтирање со избраниот кандидат за волонтерското место. Во договорот за волонтирање се дефинираат и трошоците кои се покриваат на волонтерот.

Избраниот кандидат добива опис на работните обврски во писмена форма, истото е дел од договорот за вработување и се запознава со своето работно опкружување.

Одговорното лице на програмата го воведува волонтерот во работата и спроведува кратка ориентација која се состои од запознавање со политиките на организацијата и полето на работа, вработените во програмата и условите за работа.

По завршување на волонтирањето на волонтерот му се издава волонтерска книшка.
Волонтерот може да приложи копија од волонтерската книшка при аплицирање за вработување со што работодавачот ќе добие информација за искуството и вештините со кои апликантот се стекнал за време на волонтирањето.

 


footer

Топол дом и грижа за секое дете