СОС Програма за полунезависно живеење

СОС Програма за полунезависно живеење

Со навршување  18 годишна возраст  и стекнување средно образование  полнолетство , младинците преминуваат во следната фаза од СОС моделот за грижа односно во Програмата за Полунезависно живеење и програма за вдомување. Оваа програма има за цел да овозможи еден вид транзиција на младинците кон целосен независен живот и тоа преку:

  • Финансиска и психо-педагошка поддршка во текот на студиите,
  • Поддршка при наоѓање на постојано вработување,
  • Поддршка при наоѓање и создавање соодветно место за живеење и
  • Поддршка во процесот на целосно преземање на контрола и одговорност за сопствениот живот.

Целта на програмата е да му помогне на младинецот да го реши своето вдомување преку советување и финансиска поддршка.
Во процесот на осамостојување, како трета фаза на грижа за деца без родители и родителска грижа, СОС Детско село им помага на младинците да најдат стабилно вработување кое ќе им овозможи стабилност и сигурност и ќе ги подготви за самостоен живот во сопствен дом.