СОС Младинска заедница

СОС Младинска заедница

Младинската заедница е следната фаза од СОС моделот за грижа за деца без родители и родителска грижа. Во оваа втора фаза на грижа децата се осамостојуваат и се учат на практични  животни вештини кои ќе им помогнат успешно да се интегрираат во заедницата. Младинците превземаат поголема одговорност за секојдневниот живот и се подготвуваат за понатамошен, независен начин на живот.
Младинците заминуваат од нивниот СОС семеен дом во младинска куќа на возраст која соодветствува со нивниот индивидуален развој, секогаш по четиринаесеттата година. Бројот на младинци кои живеат заедно е најмногу 14 до 16 во една младинска заедница се додека не станат полнолетни. Младинците се одговорни за распределување на нивните младински буџети и за раководење на домаќинството, а сето тоа го остваруваат со помош на советите и поддршката на СОС соработниците. Младинците и покрај тоа што заминуваат од СОС Детското село, и понатаму ги одржуваат силните врски со нивните СОС мајки и семејства.
Првата СОС Младинска заедница е отворена во Скопје во 2007 во населбата Радишани. Во неа во моментов живеат 13 младинци. За нив 24 часа се грижат пет СОС соработници кои постојано работат со младите на нивниот нормален раст и развој, како и справување со тековните обврски во секојдневието. Покрај тоа, континуирано им даваат помош во исполнување на обврските поврзани со учењето, исхраната, здравјето, развојните проблеми итн.