СОС Детско село Скопје

СОС Детско село Скопје

Темелите на првото македонско СОС Детско село се поставени во април 1999 година. СОС Детско село Скопје почна да функционира во мај 2002 година кога  беше направен приемот на првото дете.
СОС Детското село Скопје зафаќа површина од 11 500 м   во населбата Ченто во Скопје веднаш до Основното Училиште „Дане Крапчев“. Селото има 12 семејни куќи (секоја со површина од 139 м ) и пет дополнителни објекти. Селото е во можност да згрижи 84 деца без родители и родителска грижа, по седум во секое семејство. На средината на селото има големо игралиште опремено со содршини  достапни за сите деца од пошироката околина. Во моментов во селото се згрижени 69 деца на возраст од две до петнаесет години, за кои се грижат 12 СОС мајки.

Децата во СОС ДЕТСKО СЕЛО селото остануваат до навршување на 14 или 15 години и две години претходно се подготвуваат да заминат во Младинска заедница. Младинскта куќа се наоѓа во населбата Радишани и има површина од 300м2 . Во Младинската куќа работат 5 едукатури  и тие  им даваат подршка на децата во нивните секојдневни потреби, ги учат на животни вештини, работат на нивно професионално оформување, односно ги поддржуваат и насочуваат децата во професионалната ориентација.

Исто така децата во рамките на СОС ДЕТСКО СЕЛО се поддржуваат и по осумнаесеттата година во рамките на  Програмата за полунезависно живеење. Во оваа програма влегуваат младинци кои имаат навршено 18 години, младинци кои студираат и младинци кои се вработени. Оваа програма трае максимум 4 години во кој период  тие добиваат финансиска и психо-социјална поддршка. Посебен акцент во рамките на оваа програма се дава на помош при вработување и вдомување на младинците со цел да се обезбедат стабилност и услови за рамноправно интегрирање во заедницата.

Животот во детското село е заснован врз следните четири принципи:

I. Мајка: Секое дете има родител кој се грижи за негоСОС мајката гради блиска врска со секое дете кое и е доверено, му ја обезбедува потребната сигурност, љубов и стабилност. Професионалец во грижа за децата, таа живее со децата, го води нивниот развој и самостојно раководи со домаќинството. Таа ја признава и ја почитува семејната историја, културните корени и религијата на секое дете.

II. Браќа и сестри: Семејните врски природно се развиваат
Девојчиња и момчиња на различна возраст живеат заедно како браќа и сестри (биолошките браќа и сестри живеат во исто семејство). Емотивните врски кои се градат во семејството траат цел живот.

III. Куќа: Секое семејство создава свој дом
Куќата е домот на секое семејство, со сопствена атмосфера, ритам и секојдневие. Под куќниот покрив, децата стекнуваат вистинско чувство на сигурност и припаѓање. Децата растат и учат заедно, ги споделуваат одговорностите и сите радости и таги на секојдневниот живот.

IV. Село: СОС семејството е дел од заедницата
СОС семејствата живеат заедно, создавајќи пријатна околина во која децата уживаат среќно детство. Семејствата споделуваат искуства и меѓусебно си помагаат. Тие се интегрирани членови на локалната заедница со сопствен придонес кон неа. Преку семејството, селото и заедницата, секое дете учи активно да учествува во општеството.