Повеќе за клубот на пријатели

Повеќе за клубот на пријатели

КОИ СЕ ОБВРСКИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ СОС ДЕТСКО СЕЛО?

Годишна или месечна ДОНАЦИЈА по избор на членот на КЛУБОТ и вклучување во виртуелната мрежа на пријатели на СОС ДЕТСКО СЕЛО.
Дополнителна поддршка од страна на членовите на СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА во текот на годината повторно во зависност од можностите на членовите.
Личен избор на секој член ќе биде дали дополнително ќе се вклучи во некоја дополнителна активност за СОС ДЕТСКО СЕЛО, сaмостојно или пак заеднички со друг член на Клубот на Пријатели.

КОЈА Е СУШТИНАТА И ПОТРЕБАТА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ВАКОВ КЛУБ?

Обезбедување на континуиран локален приход, кој е неопходен за секојдневното функционирање на организацијата и оддржување и унапредување на квалитетот на грижа на децата без родители и родителска грижа.
Обезбедување на круг на пријатели на кои СОС ДЕТСКО СЕЛО ќе може да им се обрати за помош и поддршка по основ на разни потреби кои ќе произлегуваат во текот на годината. Понекогаш мала помош како поддршка во услуга, производи или вистинска информација може да биде многу значајна за СОС ДЕТСКО СЕЛО земајќи предвид дека ресурсите на нашата организација се многу ограничени. Исто така помошта при вработување на нашите младинци ќе биде од огромно значење за нашата организација.
Секој член има право на избор во однос на нивото на поддршка или вклученост во активностите на СОС ДЕТСКО СЕЛО.

ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ОВИЕ СРЕДСТВА ДОБИЕНИ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ?

На крајот на годината, јавно ќе се објавува сумата која е собрана со поддршка на Клубот на пријатели и собраните средства ќе се искористат за одржување и подобрување на квалитетот на животните услови на децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО согласно нивните приоритетните потреби .

БРОЈ НА ЧЛЕНОВИ НА КЛУБОТ ?

Бројот на ченови не е ограничен и се надеваме дека и самите членови на КЛУБОТ дополнително ќе придонесат за промоција на овој КЛУБ НА ПРИЈАТЕЛИ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО и со својата хумана активност ќе ја подигнат хуманата свест кај поголем број на граѓани и компании во Р.Македонија.

КОЈ МОЖЕ ДА ЧЛЕНУВА ВО КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО ?

Членови на КЛУБОТ можат да бидат физички и правни лица кои сакаат да помогнат и да им овозможат подобар живот и грижа, и подобра иднина на децата без родители и родителска грижа во СОС ДЕТКОТО СЕЛО. И сите оние кои поседуваат добра воља, чувство за општествена одговорност и солидарност кон оние на кои им е потребна помош.

КОИ ЌЕ БИДАТ ОБВРСКИТЕ НА СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА КОН ЧЛЕНОВИТЕ НА КЛУБОТ ?

  • Достоинствено да ги презентираат членовите и активностите на КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ на својата веб страна
  • Да ги промовираат своите членови и работата на КЛУБОТ на јавни настани и секогаш кога ќе има можност за таква промоција
  • Да обезбедат транспарентност при трошење на средствата обезбедени од Клубот на Пријатели и јавно да ги објават податоците на веб страницата
  • Членовите на Клубот еднаш годишно ќе добиваат информација за работата на СОС ДЕТСКО СЕЛО, активностите на Клубот на пријатели како и за активностите на децата во СОС ДЕТСКО СЕЛО.

ЗА ПРАВНИ ЛИЦА И КОМПАНИИ

  • Секоја компанија член на Клубот на Пријатели ќе добие можност да го постави своето лого во делот наменет за членовите на Клубот на пријатели а ќе постои можност и за поставување и линк до веб страницата на компанијата
  • Сите дополнителни заеднички активности кои ќе бидат реализирани со поддршка на еден или повеќе членови на Клубот, ќе бидат објавени во делот наменет за активности на Клубот на Пријатели

Ви благодариме за поддршката и вашата хуманост !