Отворени огласи
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти


Повик за учество на PRIDE обука 


СОС Детско село Македонија, како организација која повеќе од 15 години е посветена на унапредување на грижата за децата без родители и родителска грижа во Република Македонија, интензивно работи на заштита на правата и интересите на децата во ризик, како најранливи во секое општество и поддржува биолошки и згрижувачки семејства со цел децата да добијат топол дом и родителска љубов и стекнат чувство на припадност и сигурно-ст, објавува П О В И К  за учество во ПРИДЕ обука за потенцијални згрижувачи   до сите заинтересирани лица кои би сакале да се вклучат во грижата и поддршката на децата без роди-телска грижа, за таа активност да стане нивна професионална определба, да се јават во СОС Детско село Скопје и врз основа на потребните квалификации, да се пријават за учество во обука за потенцијални згрижувачи.  Прочитај повеќе...

За Регионалната канцеларија ЦИЕ/ЗНД, бараме посветен Советник за интервентна поддршка

СОС Детски села Интернационал е чадор-организација за над 130 здруженија СОС Детско село насекаде низ светот. За Регионалната канцеларија ЦИЕ/ЗНД бараме посветен Советник за интервентна поддршка

Прочитај повеќе...

30
ДЕК
2016

СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ИНТЕРВЕНТНА ПОДДРШКА РАСПИШУВА ОГЛАС ЗА ПСИХОЛОГ

Прочитај повеќе...

27
ДЕК
2016

Бараме соработник за грижа за млади

Прочитај повеќе...

19
МАЈ
2017

СОС Детско село Македонија за Проектот за интервентна поддршка распишува оглас за педагози

Прочитај повеќе...

27
ДЕК
2016

Повик за соработници за едукативна поддршка


Прочитај повеќе...

24
АВГ
2016
12   

СОС Детски села Интернационал е чадор-организација за над 130 здруженија СОС Детско село насекаде низ светот. Како невладина организација за социјален развој, работиме во областа на алтернативната грижа за деца и превенција на одделувањето на децата од нивните семејства. За Регионалната канцеларија ЦИЕ/ЗНД бараме посветен

Советник за интервентна поддршка (ж/м)

Скопје, Република Македонија

Задачи и одговорности:

• Давање стручни совети на регионалното раководство, клучните чинители во Асоцијациите-членки и Федерацијата;

• Планирање и мониторинг на програмите за интервентна поддршка;

• Мониторирање заедно со Асоцијациите-членки и со помош на системите за рано предупредување за потенцијалните хуманитарни кризи во регионот, со кои се внесуваат информации и согледување во глобалниот систем за алармирање;

• Давање насоки и обуки за колегите од Асоцијациите-членки во однос на секој аспект од имплементацијата на програмите за интервентна поддршка;

• Советување на Асоцијациите-членки и колегите од регионот и проверка на стандардните документи за интервентна поддршка (Хуманитарен апел, Формулар за реагирање во кризи, проектна документација) во соработка со релевантните колеги од регионот;

• Поддршка на Асоцијациите-членки при планирање на проекти за интервентна поддршка, вклучително и давање на техничка и практична поддршка при фазите на имплементација и евалуација во рамките на соодветниот проект за интервентна поддршка;

• Активна соработка и споделување информации со Глобалната мрежа за интервентна поддршка (GER);

• Вршење проценка на потребите од градење на капацитетите на теренскиот персонал и согласно тоа, координирање на обуките и мерките за градење на капацитетите, заедно со регионалниот тим за човечки ресурси и организациски развој и Одделот за човечки ресурси при Асоцијацијата-членка.

Потребни квалификации:

• Магистратура во справување со катастрофи, хуманитарни кризи или друга поврзана област;

• Најмалку пет години искуство во контекст на хуманитарна помош и/или работа во областа на справување со катастрофи со фокус на чувствителност на конфликти, пост-конфликтен развој и миграциски кризи;

• Најмалку три години искуство релевантно за управување со проектен циклус, вклучувајќи и проектно планирање, буџетирање, мониторинг и известување;

• Докажано критичко размислување, стратешко планирање, мониторирање на учинок и познавање на техничките аспекти на управувањето и активностите во проектите за интервентна поддршка;

• Докажана стручност во однос на употребата и контекстуализацијата на хуманитарните стандарди и принципи како што се "The Sphere", Минималните стандарди за заштита на децата, Насоки и стандарди за управување со добиток во услови на криза (LEGS), Меѓу агенциска мрежа за едукација во услови на криза (INEE) итн.;

• Волја и способност за посветување на 30% од работното време на меѓународни патувања, често во земји во кои има кризи, како и патување во краток рок по известување;

• Високо ниво на компјутерска писменост;

• Солидно познавање на англискиот јазик, додека познавање на руски или кој било друг јазик во регионот се смета за предност.

Нудиме:

• Работа за кауза од големо значење;

• Широка палета интересни задачи во мултикултурна работна средина во една од водечките меѓународни НВО;

• Можности за понатамошна обука и развој.

Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција, Ве молиме испратете го вашето CV и мотивациско писмо на англиски јазик, најдоцна до 20 јануари 2017 година на: eucbjobs@sos-kd.org

СОС Детски села Интернационал, Човечки ресурси и организациски развој, Виена, Австрија www.sos-childrensvillages.org/