Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации

Прим. д-р Иван Двојаков, добитник на специјална награда по повод јубилејот на СОС Детско село Македонија

Регионалниот директор на СОС Детски села, Дамир Ќориќ, од името на СОС Киндердорф интернационал, по повод 15 годишниот јубилеј на СОС Детско село Македонија, на свечениот настан кој се одржа на 30 ноември во МНТ, му додели специјалната плакета за посебен придонес на прим. д-р Иван Двојаков.


Оваа специјална плакета на прим. д-р Двојаков му беше доделена како благодарност и признание за 15 години посветеност на мисијата на организацијата СОС Детско село Македонија.

Прим. д-р Двојаков е еден од десетте основачи на СОС Детското село Македонија, кој низ годините даваше особен придонес во делувањето на организацијата во Македонија. Од првите чекори, до денес, тој како член и потпретседател на Управниот одбор, постојано го поддржува развојот на организацијата и работи на унапредување на соработката со Владата на Република Македонија, како и за признавање и поддржување на мисијата на СОС Детско село од институциите и заедницата.