Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

Роденденска хуманитарна трка на ЕВРОИНС Школата за трчање „Трчаме заедно за децата од СОС Детско село“

Шампионот на Македонија во полумаратон, и промоторот на првата Школа за трчање во Македонија, г. Кокан Ајановски ја најави хуманитарната роденденска трка која ќе се одржи во недела 29.03.2015 со почеток во 11:30 часот, по повод првиот роденден на Школата за трчање.

„Хуманитарната трка, ќе се трча на патека долга 5 км, со старт од Кејот на Вардар  (позади зградата на Владата на РМ). Стратните бројчиња ќе се подигнуваат пред самата трка, најдоцна 30 минути пред почетокот на трката. Партиципацијата за учество во трката изнесува 300 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани на организацијата СОС Детско село Македонија.„ – изјави Кокан Ајановски

„Уште од првиот ден со поддршката која ја даваме на Школата за трчање бевме свесни дека директно ќе влијаеме во подигнување на свеста за прифаќање на здравиот начин на живот кај што поголема популација во Македонија. По само една година од постоењето на Школата, ова неколкукратно се потврди и ние сме презадоволни од соработката со Кокан. За нас претставува огромна чест да бидеме дел од нешто што првпат се појавува во Македонија. Истовремено, задоволството е големо што можеме да дадеме и хуманитарна димензија на овој настан, а со тоа директно да помогнеме на СОС Детско село Македонија.„– потенцира г-дин Јанко Николов, Извршен директор на Евроинс (Генералниот спонзор на Евроинс Школата за трчање).

2104

“Горди сме што можеме да кажеме дека веќе четири години сме партнер на СОС Детско село Македонија, организација со хумана мисија посветена на грижата за децата и младите од најранливите категории. Она што ние го правиме поддржувајќи ја хуманата работа на СОС Детско село Македонија сакаме да биде поттик и за другите компании, да покажат општествена одговорност, воедно и поддршка на сите оние кои се подготвени да се посветат на оваа професија и да пружат љубов и грижа на овие деца на кои им е потребна здрава семејна средина, топол дом, љубов и чувство на сигурност. Евроинс ќе продолжи да биде верен партнер и поддржувач на мисијата на СОС Детско село Македонија за Топол дом и грижа за секое дете и остануваме на располагање за се каде што нашата компанија може да помогне”-додаде г. Николов

Директорката на СОС Детско село Скопје га. Виолета Георгиевска во оваа прилика изјави: Нашата соработка со Евроинс започна во 2012та година кога го промовиравме новиот концепт за грижа за деца без родители и родителска грижа, односно првата брачна двојка-згрижувачко семејство во рамките на СОС Детско село Македонија.

Тоа беше голем чекор за нашата организација, но исто така и значаен исчекор во подигнување на нивото на квалитет на грижа за децата и младите во Македонија кои се без родители и родителска грижа и во ризик да ја загубат истата. Одтогаш Евроинс, веќе четири години е верен партнер на кој можеме да се потпреме за поддршка.

Евроинс, денес преку оваа прекрасна иницијатива, уште еднаш демонстрира висока општествена одговорност! Одбележувајќи го првиот роденден на Школата за трчање како хуманитарна акција за собирање на средства за поддршка на СОС Детско село Македонија истовремено ја промовира и важноста на спортот во психофизичкиот развој на децата и младите.