Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА „PRIDE" ОБУЧУВАЧИTE

СО „PRIDE" ПРОГАМАТА КОН ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО МАКЕДОНИЈА


На денешниот настан, организиран од СОС Детско село Македонија, присуствуваа Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика - Диме Спасов, како и претставници на сите соработници во оваа програма, а зедоа учество поголем број учесници во обуката. Настанот беше промоција на идните „PRIDE" обучувачи, а беа доделени сертификатите на потенцијалните згрижувачи кои учествуваа во обуките.


Целта на „PRIDE" програмата е да се зголеми квалитетот и достапноста на згрижувањето за децата без родителска грижа, нивна социјална инклузија и раст и развој во грижлива семејна средина каде се практикуваат детските права, како и да се унапредат капацитетите на професионалците и згрижувачите и да се зајакне нивната компетентност преку обуки и да се унапреди институционалната рамка за оперативна и ефикасна испорака на услуги.


„PRIDE" е програма применувана во светски рамки и е признаена методологија со која се унапредува поддршката и грижата за децата во згрижувачките семејства. Дизајнирана е да го зајакне квалитетот на грижата за децата во згрижувачкото семејство и да ги подобри услугите, со стандардизиран избор и подготовка на згрижувачи. Програмата, исто така, обезбедува стручно оспособување и професионален развој на згрижувачите, но и на сите вклучени во процесот на поддршка на згрижувачките семејства.