Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

Посета од студентите по Социјална работа и социјална политика

 

СОС Детско село Македонија, во рамките на потпишаниот Меморандум со Институтот за социјална работа и социјална политика, периодично организира научни посети за студентите по социјална работа, со цел, во рамките на своите студии, тие и практично да се запознаат со начинот на грижа за децата во СОС Детско село во Програмата за згрижувачки семејства и развој на деца, како и улогата на социјалниот работник во системот за поддршка на СОС Детско село.

 

Една ваква посета се одржа во мај, кога студентите од трета година при Институтот за социјална работа и социјална политика во придружба на асс. проф. Софија Арнаудова, ја посетија Програмата за згрижувачки семејства и развој на деца на СОС Детско село. Во рамките на предметот „Социјална работа со деца и млади во ризик“ од социјалниот работник во програмата, Јагода Насковска, дознаа повеќе за специфичните аспекти во грижата за децата згрижени во оваа програма и следењето на нивниот развој, од страна на стручниот тим сочинет од двајца педагoзи, психолог и социјален работник. Студентите при оваа научна посета имаа прилика и да посетат едно од дванаесетте СОС згрижувачки семејства во СОС Детско село со цел подобро да го разберат системот на функционирање и начинот на работа и грижа за децата и младите без родители и родителска грижа.

СОС Детско село Македонија е носител на лиценца на меѓународната PRIDE методологија, која овозможува подобрување на квалитетот на грижата за деца.

Програмата обезбедува стручно оспособување и тековен професионален развој на сите професионалци вклучени во процесот на поддршка на згрижувачките семејства, како и на самите згрижувачи.

Крајната цел е имплементирање на оваа методологија, како национален стандард, за обука, регрутација и континуирана поддршка за развој на знаењата и вештините на сите чинители во згрижувачкиот систем во РМ.