Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

СВЕЧЕНО ОТВОРЕН РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА

На 10 март, официјално и свечено беше отворен Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија. СОС Детско село Македонија повеќе години работи на унапредувањето на состојбата на децата и младите во социјален ризик во општините Шуто Оризари и Гази Баба. Во 2016 година во соработка со општината Гази Баба беше реновиран дел од постоечкиот објект во градинката „25 Мај", објектот „Искра" во населбата Ченто кој сега функционира како модерен ресурсен центар. Во него, граѓаните на општината, пред сѐ младите и семејствата во социјален ризик ќе имаат пристап до поголем број на услуги, кои ќе им помогнат во подобрувањето на социо-економската состојба и во отворањето на можностите за вработување.



На свеченоста, директорката на СОС Детско село Македонија, Јулијана Накова Гапо изјави: „Успешната соработка со општината Гази Баба, нѐ донесе до финализирањето на еден проект од посебно значење за општината, но и пошироко, за градот. Ресурсниот центар кој денеска го отворивме ќе има посебно значење за младите и семејствата во социјален ризик со кои СОС Детско село Македонија работи подолг период. Сигурни сме дека ќе помогнеме на многу деца, млади луѓе и млади семејства да го подобрат својот живот, да застанат на сопствени нозе и преку најразновидните обуки и поддршка кои им ги нудиме, да можат да отпочнат нов живот преку отворањето на можностите за вработување и за самовработување, откако ќе добијат нови квалификации во новиот Ресурсен центар. Секако, со ова директно ќе се подобри и животот на децата во семејствата".


Во рамките на Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија ќе функционираат Програмата за зајакнување на семејствата и Проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик, преку мерки за генерирање приходи во Гази Баба".


Градоначалникот на општината „Гази Баба" - Тони Трајковски, истакна: „Соработката со СОС Детско село Македонија е долгогодишна и ја поздравуваме и поддржуваме секоја заложба на организацијата, знаејќи дека тоа ќе биде придонес кон подобрување на состојбата на нашите сограѓани, посебно за младите и младите родители во ризик. И до сега сме имале плодна соработка и сигурни сме дека како и до сега и оваа заедничка заложба помеѓу општината „Гази Баба" и СОС Детско село Македонија, наскоро ќе ги жнее и првите плодови и ќе видиме голем број на среќни деца, млади поединци и семејства.