Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации

Одбележана Европската недела на имунизација

По повод Европската недела на имунизација, во Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба, беше одржана едукативно здравствена работилница наменета за родителите корисници на услугите на Центарот  и СОС згрижувачите.

2104

Работилницата имаше за цел да ги унапреди родителските капацитети во однос на превентивно – здравствената грижа на децата, преку :

»Информирање на родителите/згрижувачите за националните стандарди за имунизација на децата во Р.Македонија;

»Советување на родителите/згрижувачите за обезбедување на редовна имунизација на децата, согласно стандардите;

Работилницата беше спроведена во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Скопје - О.Е. Гази Баба и стручниот тим составен од  д-р. Сузана Митревска, медицинска сестра Елица Кочова и главната  патронажна сестра Јулијана Маџовска. 

Предавачите ги запознаа присутните со должноста на секој родител да обезбеди редовна имунизација за малите деца. На присутните им беа презентирани националните стандарди за имунизација на децата во Р.Македонија, како и видот на вакцини и возраста на децата што е предвидена за соодветната вакцина. 

Во вториот дел од работилницата учесниците (мајките/згрижувачки) поставуваа прашања поврзани со здравјето на нивните деца и вакцинацијата. Тие имаа можност да се информираат поединечно за здравствените проблеми на нивните деца, во контекст на имунизцијата.

Мајките/згружувачките беа советувани да ги носат децата не редовни лекарски прегледи,  да ги следат здравствените потреби на децата и да се придржуваат до препораките на лекарите, со цел обезбедување на контролирана задравствена состојба на децата.

2104