Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации

Нови вработувања на млади од СОС Детско село Македонија

На 4ти март, на уште четири млади луѓе кои пораснаа во СОС Детско село, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Претседателот на владата Никола Груевски свечено им врачија решенија за вработување во државната и јавната администрација согласно Програмата за вработување Д-10. Тие беа меѓу триесетте млади кои до осумнаесетгодишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа кои ќе се вработат во државна и јавна администрација.

2104

Спасов смета дека со оваа програма се потврдува еден крупен чекор во решавањето на најголемиот предизвик- вработувањето и решавањето на животното прашање.
– Владата презема конкретни мерки и чекори за поддршка на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа. Настојуваме таа поддршка да биде постојана и сеопфатна. Вклучувањето на пазарот на трудот веруваме дека е најзначајна придобивка и можност за лична реализација, рече Спасов.
Токму затоа, додаде тој, програмата Д-10 која, како што рече, се спроведува максимално транспарентно и се реализира според дадените критериуми и услови е само едно продолжение на дефинираната помош за овозможување на нормален живот и постојана работа и исти услови за напредок.

2104

 

Боге, Мартин, Ангел и Трајче ќе почнат да работат во Министерството за труд и социјална политика.
Сите ние од СОС Детско село Македонија им посакуваме многу, многу успех во понатамошната кариера.
Среќно!