Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи


Национална конференција за претставување на моделот на социјални договори


Во рамки на проектот „Преку социјални договори до одржливост", имплементиран од СОС Детско село Македонија, а финансиран од Европската Унија, на 7 и 8 февруари во хотел Мериот во Скопје, беше одржана Национална конференција за претставување на моделот на социјални договори во Република Македонија.

Проектот „Преку социјални договори до одржливост" е фокусиран на создавање поволна правна средина за социјални договори во областа на заштита на децата и пружање на социјални услуги, која ќе придонесе кон обезбедување на долгорочна одржливост за граѓанските организации.

На дводневната конференција присуствуваа околу 120 претставници на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, УНИЦЕФ, ГИЗ, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центарот за социјална работа, Институтот за Социјална работа и политика, членовите на Управниот одбор како и Мултипартитниот одбор на проектот, претставници на граѓански организации, општините, меѓународните донатори и медиумите.


На конференцијата учествуваа и партнерите во проектот - Бугарскиот центар за непрофитно право и СОС Детски села Бугарија, учесници од Финска и Холандија како и гости од СОС Детски села од Ерменија, Украина, Косово и Албанија.

Во своите воведни обраќања Зорица Серафимовска Арсовска - Претседател на Управен Одбор на СОС Детско село Mакедонија, Јулијана Гапо - Национален директор на СОС Детско село Македонија, Ибрахим Ибрахими - Министер за труд и социјална политика, Ирена Иванова - претставник од Делегацијата на Европска Унија како и Елспет Ериксон - претставник на УНИЦЕФ во Македонија, дадоа безрезервна поддршка за проектот и ја истакнаа неговата значајност и корисноста од развивањето и имплементирањето на еден ваков модел на социјални договори за развојот на системот за социјална заштита.


На првиот ден од конференцијата, по презентацијата на проектот со целите, активностите и резултатите кои се очекува да бидат постигнати, беа презентирани меѓународни искуства од примената на социјалните договори во пружањето на социјални услуги во други земји (корист, предизвици, улоги и одговорности).

Претставникот од локалната самоуправа од Велико Трново, Бугарија - Росица Димитрова, направи осврт на регулативата и искуствата на локалната самоуправа во спроведување на социјалните договори за пружање на социјални услуги. Додека, за искуствата на владините институции и локалната самоуправа од примената на моделот во Холандија говореше професор Рене Кларијс, кој посебно се осврна на улогата на вклучените страни во процесот на пружање на социјалните услуги, особено на улогата на државата и граѓаните, што предизвика особено внимание и дискусија кај присутните. Јука Коткавуори го пренесе искуството на граѓанските организации од примената на моделите на социјални договори во Финска и стави посебен акцент на нивната клучна улога како најчести даватели на социјални услуги.


Вториот ден од конференцијата беше посветен на условите и досегашните искуства за примена на социјалните договори во Македонија.

Претставникот од Министерство за труд и социјална политика Софија Спасовска, се осврна на состојбата, условите и досегашните искуства во однос на децентрализација на социјалните услуги во Република Македонија како основа за развивање и примена на моделот на социјални договори во Македонија. Додека, заради чувствителноста на целните групи во однос на давање на социјалните услуги и важноста на почитување на правата, Алмандина Гума од Регионална канцеларија на СОС Детски села го презентираше водичот на Обединетите нации и Стандардите за квалитет во грижа, кои се од особено значење да бидат применувани и почитувани за добивање на квалитетна социјална услуга.

Претставникот на Бугарскиот центар за непрофитно право и партнер во проектот - Надја Шабани го презентираше Извештајот од компаративната анализа за спроведување на социјални договори, чии резултати и наоди беа основа за развивање на моделот на социјални договори и развивање на документите за јавните политики. Потоа беше презентиран предлог документот за јавни политики (Policy Paper) изготвен од страна на експертската група, во соработка со проектниот тим, а кој се однесува на реформата во рамки на системот на социјални услуги и исто така нуди предлог решенија во однос на разрешување на идентификуваните предизвиците за успешно воведување на моделот на социјални договори во Македонија.


Меѓународниот член на експертскиот тим Павлета Алексиева ги презентираше предлог стандардите и процедурите за лиценцирање и склучување на договори со потенцијалните даватели на социјални услуги, додека Светлана Трбојевиќ, националниот член на експертскиот тим, ги презентираше идентификуваните правни прашања и предлози за разрешување за успешно воведување на моделот на социјални договори во Македонија.

На крајот од конференцијата, беа презентирани заклучоците во однос на досегашните резултати постигнати во рамки на проектот, како и препораките за поуспешно воведување на моделот на социјални договори за давање на социјални услуги. Тие главно се однесуваа на конструктивноста што во оваа реформа активно се вклучени и соработката е на високо ниво меѓу Владата, МТСП, СОС Детско село Македонија, како и останатите владини и граѓански организации.


До сега постигнатите резултати и предлог документи за креирање на политики во рамки на проектот се добра основа за успешно воведување на моделот на социјални договори за пружање на социјални услуги во Македонија. Тоа ќе придонесе за поуспешно, поефективно и поефикасно и одржливо функционирање на вклучените страни во системот за социјална заштита, пред сѐ владините институции и граѓанските организации, а ќе придонесе и за поквалитетни и подостапни социјални услуги за корисниците.