Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

Годишно собрание на Здружението на граѓани СОС Детско село Македонија

На 06.06.2017 година се одржа редовното Годишно Собрание на Здружението на граѓани СОС Детско Село Македонија. На оваа средба освен што се презентираше работата на организацијата и беше усвоен и годишниот и ревизорскиот извештај за 2016 година, Здружението на граѓани го збогати своето семејство со 11 нови членови, граѓани кои ја препознаа вредноста на нашата работа и кои сакаат посветено и хуманитарно да ја помогнат работата на нашата организација. Им благодариме на: Димитар Атанасовски, Филип Ивановски, Сузана Андреев, Александра Николова, Љубомор Пејовски, Наташа Мијат Крстевска, Игор Георгиевски, Нена Димовска, Марина Домазетовска Саздовска, Татјана Лопарски и Руска Насковска, кои заедно со сите нас ќе допринесат за подобра иднина на многу деца и семејства на кои им треба нашата поддршка и ќе се залагаат за остварување на мисијата на СОС Детско село Македонија и Топол дом, љубов и грижа за секое дете.

Исто така, на оваа средба им беа доделени благодарници на присутните членови за нивната долгогодишна посветеност и поддршка на нашата работа . 
2016  година  за нас беше особено важна година, бидејќи беше јубилејна година во која го прославивме и 15 годишниот Јубилеј од постоењето и работењето на СОС Детско село Македонија. Годината беше исполнета и со многу нови предизвици, успеси како и завршени  активности и процеси кои својата успешна финализација ја доживеаа на почетокот или до  крајот на годината. Уште едно поглавје од нашето посветено работење беше успешно заокружено а беа започнати и нови активности чии резултати ќе треба да ги видиме во текот на 2017 а за некои од нив за две или три години. Нашето работење се одвиваше согласно годишниот план како и нашата дефинирана стратегија до 2020 година која што во голема мера е усогласена со Интернационалната стратегија 2030  на СОС Детските села Интернационал. Во 2016 година освен програмите на локација, СОС Детско село Македонија имплементираше уште четири проекти менаџирани од Националната Канцеларија : Економско зајакнување на млади во социјални ризици, Социјални договори за самоодржливост на граѓанските организации, PRIDE програмата за градење на капацитети на згрижувачки семејства и професионалците кои го поддржуваат згрижувачкиот систем и Проектот за Интервентни активности и поддршка на децата и семејства бегалци кои транзитираа или беа сместени во транзитните центри за бегалци Винојуг и Табановце. 

Би благодариме на довербата и продолжуваме и понатаму посветени на децата, младите и семејствата на кои им треба нашата помош и поддршка!