Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

Фруктал со поддршка за СОС Детско село

Компанијата „Фруктал“ оваа година го обележува 40-от роденден на Frutek, еден од најпознатите брендови наменети за најмладите. По тој повод, „Фруктал“ донираше 40.000 евра на децата и нивните семејства од целиот регион, а во Македонија ја поддржа организацијата СОС Детско село.

2013

Годинава во октомври, „Фруктал“ обележа посебен ден: еден од неговите најпознати брендови го прославува 40-от роденден.

По тој повод, „Фруктал“ реши да им помогне на децата и нивните семејства, што се најдоа во тешка положба. Лука Јејчич, главен директор на „Фруктал“ во таа пригода рече:

„По повод 40-годишниот јубилеј на брендот Frutek, наменет токму за децата, „Фруктал“ реши да ја даде својата поддршка на различни проекти во шест земји од регионот, со цел на децата да им го олесни растењето, бидејќи веруваме дека секое дете заслужува безгрижно детство. Во Македонија дониравме 4.500 евра на СОС Детско село во Скопје. На тој начин „Фруктал“ ја остварува својата општествена одговорност, затоа што свесни сме дека децата се нашата иднина.“

Би сакале да ја искажеме нашата неизмерна благодарност до компанијата „Фруктал“, што оваа година во рамките на прославувањето на значајниот јубилеј на брендот Frutek, одлучи да ја поддржи хуманата работа на нашата организација. Со донираните средства, СОС Детско село Македонија ќе им помогне на најмалите од 40 семејства во социјален ризик, со она што им е најпотребно. Ви благодариме што ни помогнaвте да донесеме повеќе детски насмевки и среќни утра во овие семејства!