Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации

Европски денови на развојот 2015 со учество на младинец од СОС Детско село Македонија

Европските денови на развој оваа година ќе се одржат на 3 и 4 јуни во Брисел. Преку програмата Идни Лидери учество ќе земе и дваесет и три годишниот  Даниел Михајловски кој порасна во СОС Детско село.

Минатиот месец Даниел аплицираше за програмата Идни лидери, на манифестацијата Европски денови на развој 2015 што ќе се одржи на трети и четврти јуни во седиштето на Европската комисија во Брисел. Помеѓу 172 апликанти од цел свет, Даниел беше одбран да го застапува гласот на младите заедно со 13 други млади и да дискутира на панел дискусии за иднината и развојот на нашиот свет со високи претставници на Европската унија, претседатели на парламенти и држави, како и претставници на меѓународни невладини организации и бизнис секторот.

Даниел деновиве интензивно се подготвува за настанот, за Брисел лета на 26ти мај, а веќе на 27ми ќе има можност да се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Заедно со Даниел ја конципиравме неговата апликација така што ставивме акцент на неговото учество во кампањата „Што сега, што потоа" во својство на претставник на Клубот на млади на СОС Детско село Македонија и го пријавивме на темата Инклузија и нееднаквост. Му посакуваме многу среќа и успешно претставување на оваа манифестација.

Повеќе информации за оваа манифестација на http://www.eudevdays.eu/.