Почетна
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти
Кои сме ние Што работиме Како да помогнете Застапување Поддржувачи Новости Медиуми ЧР Контакт Клуб на пријатели Активности Кому помагаме? Мапа на сајтот Utilities Пребарување Прирачник за донации Проeкти Публикации Во изработка Продажба на честитки Донации Анализи

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посети СОС Детско село и го најави новиот оглас за вработување на деца без родители и родителска грижа

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети СОС Детско село при што го најави новиот оглас за вработување на уште 30 деца без родители и родителска грижа. Овој оглас е во рамките на програмата Д10, преку кој од 2013 година се работи на системско решавање на проблемот за вработување на децата без родители и родителска грижа.

- Во тек е нов оглас преку програмата Д10 за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа. Јавниот оглас трае до 4 март и сите оние кои се заинтересирани и немаат редовно работно место, а биле деца без родители и родителска грижа до 18 години можат да аплицираат – изјави Спасов. На ваков начин, додаде Спасов, имаат можност да обезбедат редовно работно место, редовни приходи, да застанат на здрава основа и во иднина да остваруваат приходи, да се реализираат себеси, а со напорна и вредна работа, како што истакна, да си помогнат не само себе си, туку и на државата работејќи за државните иституции.

Јулијана Гапо, извршен директор на СОС Детско село Македонија, смета дека вработувањето на секој млад човек во денешно време е голем предизвик, особено за младите од оваа ранлива категорија.

- Ја поздравуваме оваа иницијатива која се имплементира неколку години, и веќе има успешни примери. Таа дава можност за подобра и поуспешна иднина. Ние со нашата работа се обидуваме да им помогнеме на децата да станат самостојни но со оваа иницијатива ќе им се помогне да станат успешни млади луѓе и да се интегрираат во заедницата – рече Гапо.

grujo

Силвана Ивановска и Даниел Михајловски се двајцата млади од СОС Детско селo кои досега се вработија со помош на оваа програма. Силвана, во оваа прилика рече: Се вработив пред две години кога почна имлементацијата на програмата Д10. Прво работев во Министерството за труд и социјална политика, а сега во Министерството за надворешни работи, задоволна сум бидејќи сега можам самостојно и независно да напредувам. Затоа сакам да укажам на важноста на оваа програма и благодарност до МТСП и Владата кои изнајдоа начин како да го решат проблемот со вработувањето на децата без родители.

- Годинава веруваме дека ќе се вработат уште неколку младинци кои ги исполнуваат критериумите. Ова е многу важно заради тоа што на ваков начин тие имаат сопствени приходи, се јакне нивната самодоверба што ги води на пат на нивна независност, која пак придонесува тие да не се вратат во системот на социјалната заштита од каде што излегле – дополни директорката на СОС Детско село Виолета Георгиевска.


Во моментов имаме уште пет младинци од СОС Детско село кои аплицираа на јавниот оглас за кои очекуваме позитивен одговор до крајот на овој месец.