Архива на новости

Ламбе Алабакоски - почесен амбасадор на децата од СОС Детско село

Датум: 24.06.2010Настан: Интернационален ден на СОС детски села во светотПо повод одбележувањето на  Интернационалниот  Ден на  СОС ДЕТСКИ СЕЛА, на 24.06.2010 во 11ч, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА  организираше прослава во просториите на КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА (Библиотека Другарче).

Прочитај повеќе...

25
МАЈ
2009

Хуманитарен хепенинг во организација на националниот совет за жени на Р. Македонија

Датум: 14.05.2010Настан: Хуманитарен настан по повод светскиот ден на мајкатаПо повод одбележувањето на Светскиот Ден на мајката, Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ во соработка со СОС Детско Село Македонија, организираше Хуманитарен хепенинг во СОС детското Село Скопје.

Прочитај повеќе...

25
АПР
2009
1...303132                                 

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна. 


Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.


Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.


На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.


Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава! 

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!