Архива на новости

Македонско-Австриска бизнис асоцијација со донација во висина од 180000 денари за децата од СОС Детско село Македонија

ДАТА: 27.12.2010 НАСТАН: ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКО АВСТРИСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ МАКЕДОНСК0- АВСТРИСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА СО ДОНАЦИЈА ВО ВИСИНА ОД 180.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО На 06.12.2010 г. во 17.30ч Македонско- Австриската Бизнис Асоцијација организираше посета на децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. 6-ти декември е датата на која во Австрија се одбележува денот на Свети Никола, а традиционално Свети Никола носи мали подароци за сите деца.

Прочитај повеќе...

11
ЈАН
2011

Под името „Биди пријател наш“, хуманитарен концерт и песна од Ламбе Алабакоски

На 29.11.2010 со почеток во 20.00 часот, во Универзална сала во Скопје, а по повод одбележувањето на  почетокот на 10 годишниот јубилеј, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА организира голем хуманитарен концерт за поддршка на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.

Прочитај повеќе...

22
НОЕ
2010

Тим билдинг со амбасадорот и бработените од Холандсјата амбасада

Датум: 18.09.2010Настан: ТИМ БИЛДИНГ НА ХОЛАНДСКА АМБАСАДА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛОСОС Детско село Скопје и Холандската амбасада остварија заедничко дружење на 30 Септември во СОС Детско село Скопје. Холандската амбасада донираше средства за оплеменување на дворот и игралиштето  на СОС Детско село.

Прочитај повеќе...

31
ОКТ
2010

Донација во вредност од половина милион денари од клубот Лионс - Дистрикт 132

Датум: 28.06.2010Настан: Донација на стипендија за младинец од сос детското селоПо повод одбележувањето на  Интернационалниот  Ден на  СОС ДЕТСКИ СЕЛА, на 24.06.2010 во 11ч, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА  организираше прослава во просториите на КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА (Библиотека Другарче).

Прочитај повеќе...

25
МАЈ
2009

Ламбе компонира песна за СОС Детско село

Поп-пејачот Ламбе Алабаковски компонира нумера, наречена „Биди пријател наш“, за СОС Детското село. Ексклузивецот на „М2 продукција“ и победник на годинашниот „Макфест“ е почесен амбасадор на детското село.

Прочитај повеќе...

25
МАЈ
2009
1...303132                                 

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна. 


Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.


Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.


На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.


Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава! 

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!