Архива на новости

Посета на претседателската резиденција

На 05.01.2011 година, 30 деца од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО , придружувани од СОС Мајките, стручниот тим и Претседателот и Потпретседателот  на Управниот Одбор , Г-ѓа Владанка Давковска и Г-нот Иван Двојаков, Националниот Директор Јулијана Гапо ,  по повод  бадниковото празнување, ја посетија резиденцијата на претседателот Ѓорги Иванов и Г-ѓа Маја Иванова. Децата  го поздравија претседателското семејство со коледарската песна а домаќините   ги поздравија децата и им подарија коледарски пакетчиња.

Прочитај повеќе...

18
ЈАН
2011

Посета на СОС Детскосто село од Амбасадорот на САД, Г-динот Филип Рикер и американските маринци

На 04.01.2011 година,  СОС ДЕТСКОТО СЕЛО го посетија Амбасадорот на Соединетите Американски Држави , Г-нот Филип Рикер со  сопругата  и Американските Маринци.

Прочитај повеќе...

18
ЈАН
2011

Посета на СОС Детско село од поранешниот претседател на РМ, Г-динот Бранко Црвенковски

На 29.12.2010 традиционално , шеста година по ред, по повод Новогодишните празници , децата од  СОС ДЕТСКО СЕЛО ги посети поранешниот претседател Бранко Црвенковски  и им подари новогодишни пакетчиња.  Децата, како добри домаќини,  се претставија со музичка точка  и а нашиот талентиран маѓионичар  Мартин , со подршка на претседателот Бранко Црвенковски, ги презентираше своите нови маѓионичарски трикови.

Прочитај повеќе...

18
ЈАН
2011

Донација во висина од 140000 денари од страна на компанијата Порше лизинг

Претставници на компанијата Порше лизинг го посетија СОС Детско село-Скопје и при оваа посета донираа 6 клими и 2 машини за перење на алишта за потребите на СОС Семејствата.

Прочитај повеќе...

11
ЈАН
2011

Македонско-Австриска бизнис асоцијација со донација во висина од 180000 денари за децата од СОС Детско село Македонија

ДАТА: 27.12.2010 НАСТАН: ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКО АВСТРИСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ МАКЕДОНСК0- АВСТРИСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА СО ДОНАЦИЈА ВО ВИСИНА ОД 180.000 ДЕНАРИ ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКОТО СЕЛО На 06.12.2010 г. во 17.30ч Македонско- Австриската Бизнис Асоцијација организираше посета на децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. 6-ти декември е датата на која во Австрија се одбележува денот на Свети Никола, а традиционално Свети Никола носи мали подароци за сите деца.

Прочитај повеќе...

11
ЈАН
2011
1...29303132                                 

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна. 


Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.


Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.


На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.


Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава! 

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!