Архива на новости

Свечено отворен Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија

На 10 март, официјално и свечено беше отворен Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија.

Прочитај повеќе...

14
МАР
2017

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТИ за спроведување на анализа за правните и буџетските можности на државата за финансирање на социјални услуги и проекти

Прочитај повеќе...

16
ФЕБ
2017

Национална конференција за претставување на моделот на социјални договори

Во рамки на проектот „Преку социјални договори до одржливост", имплементиран од СОС Детско село Македонија, а финансиран од Европската Унија, на 7 и 8 февруари во хотел Мериот во Скопје, беше одржана Национална конференција за претставување на моделот на социјални договори во Република Македонија.

Прочитај повеќе...

15
ФЕБ
2017

Повик за консултант за подготовка на Оценка на јавни политики (Regulatory impact assessment)

Прочитај повеќе...

07
ФЕБ
2017

Повик за консултант за подготовка на oценка на јавни политики (Regulatory impact assessment) 

Прочитај повеќе...

07
ФЕБ
2017
1234...32                                 

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна. 


Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.


Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.


На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.


Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава! 

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!