Архива на новости

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Прочитај повеќе...

24
ЈУЛ
2017

Учество на СОС Детско село на петтиот регионален студентски конгрес

Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза” при Филозофскиот факултет од Скопје, и Асоцијацијата на студенти по социјална работа, го организираа петтиот регионален студентски конгрес, од 11.05.2017 до 14.05 2017 година. На конгресот учествуваа вкупно 48 студенти, од универзитетите во Скопје, Љубљана, Белград, Мостар, Подгорица, Бања Лука и Сараево.

Прочитај повеќе...

21
ЈУН
2017

СОС Детско село Македонија дел од Саем за вработување


На 15 јуни во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија се одржа Саем за вработување, предвиден како практичен начин за спојување на работодавачите и невработени лица. 

Прочитај повеќе...

19
ЈУН
2017

Посета од студентите по Социјална работа и социјална политика

СОС Детско село Македонија, во рамките на потпишаниот Меморандум со Институтот за социјална работа и социјална политика, периодично организира научни посети за студентите по социјална работа, со цел, во рамките на своите студии, тие и практично да се запознаат со начинот на грижа за децата во СОС Детско село во Програмата за згрижувачки семејства и развој на деца, како и улогата на социјалниот работник во системот за поддршка на СОС Детско село.

Прочитај повеќе...

13
ЈУН
2017

Улогата и значењето на згрижувачките семејства во системот на социјалната заштита

По повод денот на згрижувачите кој секоја година се одбележува на 1 јуни, СОС Детско Село Македонија организираше работна стручна средба на 25 мај 2017 во просториите на Ресурсниот центар во Гази Баба. Стручната средба имаше цел да го истакне значењето на згрижувачите во Република Македонија и да поттикне дискусии за улогата и значењето на згрижувачките семејства во системот на социјалната заштита.На средбата беа присутни згрижувачи од згрижувачки семејства во Скопје, згрижувачи кои се поддржани од СОС Детско село, претставници од ЈУМЦСР на Град Скопје, социјални работници од Психијатриска болница Скопје, претставници од Институтот за социјална работа на Филозофскиот факултет во Скопје и претставници на СОС Детско село.

Прочитај повеќе...

12
ЈУН
2017
123...32                                 

Фудбалска екипа на СОС Детско село на Светскиот фудбалски куп во Полска

10 мали фудбалерчиња од СОС Детско село учествуваа на петтиот Светски фудбалски куп за деца без родители и родителска грижа, во Варшава, Полска, од 13 до 18 јули, организирано од организацијата Надеж за Евро (Hope for Mundial).

Изигравме 4 натпревари, во кои екипата на Босна ја победивме со рекордни 7:1, со Виетнам изигравме нерешено, а со силните Холандија и Полска лавовски се боревме до последните секунди, сепак среќата беше на нивна страна. 


Иако не извојувавме едно од првите места, еден од пехарите беше резервиран за нас, и тоа не било кој, туку највеселиот. Нашиот Лулхан го доби пехарот за најзабавно и најрадосно дете учесник на фудбалскиот куп, меѓу 220 фудбалери од 22 земји учесници.


Вториот ден-на доделување на наградите, присуствуваше и македонската ВД Амбасадорка во Полска, га. Горица Атанасова Ѓоревска, со семејството. Таа доби плакета и се обрати кон публиката со поздравен говор.


На заминување, ја посетивме македонската амбасада и децата имаа можност да поразговараат со амбасадорката за своите идни планови, амбиции, но и да се информираат за активностите на амбасадата. Соработката на СОС Детско село со Амбасадата на Република Македонија во Полска, продолжува и веќе се планира реализација на интересни иницијативи на нашата ВД Амбасадорка во Варшава.


Фудбалерите се вратија назад со полни срца, нови пријателства и прекрасни спортски спомени за цел живот. Се гледаме следната година во Варшава! 

Огромна благодарност до нашите пријатели Фалкон Травел, Спорт Визион Македонија, Спорт М, Скопје Мериот Хотел, и ПД Алеа кои ни помогнаа да го организираме ова незаборавно спортско патување!