Архива на новости
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти

Учество на СОС Детско село на петтиот регионален студентски конгрес

Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза” при Филозофскиот факултет од Скопје, и Асоцијацијата на студенти по социјална работа, го организираа петтиот регионален студентски конгрес, од 11.05.2017 до 14.05 2017 година. На конгресот учествуваа вкупно 48 студенти, од универзитетите во Скопје, Љубљана, Белград, Мостар, Подгорица, Бања Лука и Сараево.

Целите на конгресот беа:

Компарација на состојбите помеѓу земјите во регионот, како на социјалните проблеми, така и во практитките и политиките на социјалната работа и политика за справувањеРазмена на искуства помеѓу студентите на меѓународно ниво

Развивање на меѓународната соработка

Проширување на знаењата во одредени домени од социјалната работа и политика

Можност за дебатирање, критика и предлог мерки за решавање на актуелни социјални проблеми• Промоција на социјалната работа како професија и подобрување на статусот на социјалниот работник во општеството.

Социјалниот работник, од Програмата за згрижувачки семејства и развој на деца од СОС Детско село, М-р Јагода Насковска освен што им беше домаќин на гостите студенти во СОС Детското село во Ченто, имаше прилика со свое излагање да учествува и на овој Конгрес и да говори за улогата на социјалниот работник во СОС Детско село.

Меѓу другото таа истакна дека: “Социјалната работа е професија која се темели на хуманистички принципи и на човечки права, кои се вградени во разни меѓународни документи.Меѓу водечките принципи во социјалната работа, посебно место зазема застапувањето на социјалната правда и заштитата на човечките права и затоа со гордост треба да ја работиме социјалната работа, каде и да сме. Во нашата организација, социјалната работа има практична примена и постои високо почитување на профилот-социјален работник, и социјалните работници имаат многу значајно место во тимската работа.Се почитуваат нивните одлуки, мислења, и проценки и се прифаќаат нивните предлози и сугестии во интерес на корисникот. Но, и одговорноста на социјалниот работник е голема .Мојата работа, ми овозможи да запознаам многу семејства во ризик и да влезам во животот на многу деца, на кои со задоволство се обидувам да им ја вратам изгубената надеж и доверба и да им понудам нови перспективи за нивната иднина, кои ги полнат нивните очи со љубопитство и бескрајна радост.“
Позитивните промени кои се случуваат во животот на корисниците, се главната мотивација која ги води вработените кои директно работат со овие деца и семејства кон своите цели и секојдневно давање на својот придонес кон исполнување на мисијата на СОС Детско село „Топол дом и грижа за секое дете“


Г-а Насковска на студентите им порача дека, поради природата на работата тие треба да имаат желба за постојано стручно надоградување, за да можат да се справат со се покомплексните животни проблеми на корисниците.

Своето излагање, Насковска, го заврши посакувајќи им на сите присутни студенти успешна кариера како идни професионални социјални работници.