Архива на новости
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти

Театрите за децата од СОС Детско село Македонија

Денеска, 27 Март, е Светскиот ден на театарот. По тој повод и оваа година, како и минатата, актерите ќе одиграат по една претстава во чест на децата од СОС Детско село Македонија, а приходите од претставите ќе бидат донација за нивното посреќно детство.

Oваа година, театрите се вклучени со следниве претстави:
•НУЦК Јордан Х.К. Џинот- Велес, на 31.3.2017 година - петок со претставата „Ана Комнена";
•Театар Комедија, на 29.3.2017 година - среда со претставата „Трудна приказна";
•Турски театар на 29.3.2017 година - среда со претставата „Отело". Поради големиот интерес овие билети за „Отело" се веќе РАСПРОДАДЕНИ!
•Театар за деца и младинци, на 30.3.2017 година - четврток со претставата „Бајка за царот Нај";
•Албански театар, на 30.3.2017 година - со претставата „Претстава која оди наопаку";
•Драмски театар во месец април ќе одигра претстава за СОС Детско село Македонија, која дополнително ќе биде најавена.
•Македонскиот народен театар, на 1 април, со почеток во 21 часот, со претставата „Сомнително лице".

Се надеваме дека оваа акција ќе стане традиција.
Турскиот театар веќе ја распродаде претставата, да ги распродадеме и сите други претстави. Ќе уживате во театарските претстави, но и ќе им помогнете на децата од СОС Детско село Македонија.