Архива на новости
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти

Соработка помеѓу СОС Детско село и Центарот за интегрална рехабилитација „Виготски"

Во текот на месец мај 2017 година, СОС Детско село во рамките на програмата за социјална превенција, беше домаќин на претставници од Центарот за интегрална рехабилитација „Виготски" Велес. Целта на соработката беше потврда на содржината на материјалите за прирачникот за позитивно родителство „ФЕР РОДИТЕЛ - ФЕР ДЕТЕ“, проект кој е поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.
Валидацијата на содржината на материјалите се спроведе преку одржување на 2 фокус групи со деца и 1 фокус група со родители од ромска националност, кои потекнуваат од социјално ранливи категории и се поддржани преку низа активности на превентивната програма за социјална превенција, на СОС Детско село.

Фокус групите со децата и родителите се спроведоа во Советодавните Центри за родители и деца, во општините Гази Баба и Шуто Оризари.
Најпрво, се одржаа две фокус групи на кои беа вклучени 22 деца на возраст од 7 до 14 години. На работилницата беа презентирани стрип приказни и децата со внимание ги слушаа интересните приказни. Предавачите го привлекоа вниманието на децата употребувајќи различна облека, менување на гласот, употреба на реквизити и слично. По завршувањето на секоја приказна, децата одговараа на поставените прашања. На крај децата изработуваа цртежи со мотиви од приказните.


Процесот на валидација продолжи со активно учество на група од 12 родители. Тие ги искажаа своите конструктивни предлози за збогатување на содржините на оваа програма, за таа да биде корисна и флексибилна за родителите и децата од наш.
Соработката со ЦИР „Виготски" ќе продолжи со учество на вработени од СОС Детско село на фокус групите за професионалци, со што ќе се заокружи процесот на подготовка на прирачникот.