Архива на новости
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти

Посета од студентите по Социјална работа и социјална политика

 

СОС Детско село Македонија, во рамките на потпишаниот Меморандум со Институтот за социјална работа и социјална политика, периодично организира научни посети за студентите по социјална работа, со цел, во рамките на своите студии, тие и практично да се запознаат со начинот на грижа за децата во СОС Детско село во Програмата за згрижувачки семејства и развој на деца, како и улогата на социјалниот работник во системот за поддршка на СОС Детско село.

 

Една ваква посета се одржа во мај, кога студентите од трета година при Институтот за социјална работа и социјална политика во придружба на асс. проф. Софија Арнаудова, ја посетија Програмата за згрижувачки семејства и развој на деца на СОС Детско село. Во рамките на предметот „Социјална работа со деца и млади во ризик“ од социјалниот работник во програмата, Јагода Насковска, дознаа повеќе за специфичните аспекти во грижата за децата згрижени во оваа програма и следењето на нивниот развој, од страна на стручниот тим сочинет од двајца педагoзи, психолог и социјален работник. Студентите при оваа научна посета имаа прилика и да посетат едно од дванаесетте СОС згрижувачки семејства во СОС Детско село со цел подобро да го разберат системот на функционирање и начинот на работа и грижа за децата и младите без родители и родителска грижа.

СОС Детско село Македонија е носител на лиценца на меѓународната PRIDE методологија, која овозможува подобрување на квалитетот на грижата за деца.

Програмата обезбедува стручно оспособување и тековен професионален развој на сите професионалци вклучени во процесот на поддршка на згрижувачките семејства, како и на самите згрижувачи.

Крајната цел е имплементирање на оваа методологија, како национален стандард, за обука, регрутација и континуирана поддршка за развој на знаењата и вештините на сите чинители во згрижувачкиот систем во РМ.