Архива на новости
Донирајте
Помогни и ти!
Клуб на
пријатели
Компании
Прирачник за донации
Проекти
Најнови проекти

Проектот за интервентна поддршка при СОС Детско село Македонија домаќин на партнерите во проектот поддржан од Европската унија и од „Еразмус +"

Во периодот од 3 до 7 Април, 2017 година, во Охрид, Проектот за интервентна поддршка при СОС Детско село Македонија беше домаќин на партнерите во проектот поддржан од Европската унија и од „Еразмус +", на работилницата наречена „Холистички пристап за успешна интеграција на мигрантите". Покрај претставникот на партнерот во програмата „Социјална комора на Словенија", имаше претставници од Геронтолошкиот истражувачки институт од Словенија, Центарот за стручно образование и обука на Република Словенија, Црвен Крст на Република Хрватска, како и претставник од „Интернатионалер бунд" од Германија.

„Холистички пристап за успешна интеграција на мигрантите" е осмислен како соочување на ставови и пренесување на добрите практики од сите земји вклучени во овој проект.

Како земја домаќин, Македонија се претстави со целосна слика на состојбата со бегалците во државата и затоа, како гости говорници на Проектот за интервентна поддршка при СОС Детско село Македонија, беа поканети и присуствуваа сите клучни актери во бегалската криза од Блискиот Исток, а на територијата на Република Македонија.


На тридневниот работен дел, беа презентирани активностите на клучните актери во бегалската криза, како од страна на владините, така и од страна на невладините организации во Македонија. Свои обраќања имаа претставниците на Министерството за труд и социјална политика, Центарот за менаџирање на кризи во Република Македонија, Регионалниот центар за менаџирање на кризи, Црвен крст на Република Македонија, „УНИЦЕФ", „Легис" и Македонската асоцијација на млади правници.

Првиот ден беше презентирана генералната слика на работењето на СОС Детско село Македонија, од страна на Националниот директор Јулијана Накова Гапо, но и во корелација со бегалската криза, односно заложбите што ги правеше СОС Детско село Македонија за бегалците. Сликата од теренот и активностите на Проектот за интервентна поддршка ги презентираше менаџерот на програмата Срџан Амет.

Следните денови свои презентации за улогата, должностите и добрите практики во врска со бегалската криза и интеграцијата на бегалците во општеството, имаа гостите од Македонскиот Црвен крст, Центарот за менаџмент на кризи на Македонија, Регионалниот Транзитен центар Табановце, УНИЦЕФ, Министерството за труд и социјална политика, одделот за интеграции, Невладината организација „Легис" и Македонската асоцијација на млади правници.


Во секој сегмент од работниот дел, свои примери даваа и гостите од регионот, а како најплоден дел беа прашањата и одговорите кога се развиваше дискусија и размена на мислења.

Следните денови во Скопје, гостите го посетија СОС Детско село Скопје, односно програмата за семејно заснована грижа, присуствуваа на презентацијата на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади брачни парови во ризик преку мерки за генерирање приходи во Гази Баба" и проектот „Зајакнување на семејствата", во Ресурсниот центар на СОС Детско село Македонија, за како финале на студиската посета на гостите вклучени во проектот „Холистички пристап за успешна интеграција на мигрантите" да биде посетата на Транзитниот центар за бегалци „Табановце", каде што беа посетени објектите на СОС Детско село Македонија, Пријателското катче за деца и катчето за интернет и компјутерска технологија (ИЦТ).

Според присутните гости, студискиот престој во Македонија беше одлично организиран, со голема можност да ја видат реалната слика на состојбата со бегалската криза во Македонија, која дополнително ќе придонесе во нивната работа понатаму и во справувањето со евентуален нов бегалски бран.