Мисија

Мисија - Што работиме?

Организацијата гради семејства за деца во ризик, им помага да ја оформат сопствената иднина и учествува во развојот на нивните заедници.
• Градиме семејства за деца во ризик
Работиме за децата без родители и родителска грижа, деца сираци, напуштени деца или деца чии семејства не се во можност да се грижат за нив. На овие деца им даваме можност да изградат трајни семејни врски.
Семејниот пристап во СОС Детско село е заснован врз четири принципи: на секое дете му е потребна мајка; тоа нормално расте со браќа и сестри; во своја сопствена куќа; во рамките на здравата и пријатна околина на селото.
• Им помагаме да ја оформат сопствената иднина
Им овозможуваме на децата да живеат во согласност со сопствената култура и религија и да станат активни членови на општеството.
Им помагаме на децата да ги препознаат и да ги изразат индивидуалните способности, интереси и таленти.
Се грижиме децата да стекнат образование и вештини потребни за успешно вклопување во општеството како членови кои придонесуваат.
• Учествуваме во развојот на нивните заедници
Учествуваме во општествениот живот и одговараме на потребите за социјален развој на општествено најранливите деца и младинци.
Градиме установи и програми кои се стремат да ги зајакнат семејствата и да го спречат напуштањето на децата.
Се здружуваме со членовите на општеството за да им овозможиме на децата образование и здравствена заштита.