Кои сме ние

Кои сме ние?

СОС Детско Село Интернационал  е меѓународна невладина организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права  уште од 1949 година кога првото СОС Детско село во светот било основано од Херман Гмајнер во местото Имст, Австрија. Основачот , Херман Гмајнер  се посветува на заштита и грижа  на децата кои поради Втората светска војна ги загубиле своите домови и своите семејства. Со поддршка од многу донатори и соработници, оваа организација почнува да им помага на децата во целиот свет. Во 132 земји и територии,  активностите на меѓународната организација СОС Детски Села  се фокусираат на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со многу социјални ризици.

СОС Детско  Села ставаат акцент и фокус на семејно-заснованата, долгорочна грижа  на децата кои ја загубиле можноста да растат со своите биолошки семејства. Во СОС Детските Села и СОС Младинските заедници тие повторно наоѓаат  сигурност  и љубов и топол дом и  растејќи во стабилна семејна средина  добиваат континуирана  индивидуална поддршка се додека не станат независни млади личности.

СОС Детските села даваат подршка на  сите деца во ризик , особено на оние кои немаат родители и родителска грижа и оние чии семејства живеат во тешки услови. Основа и цел на нашата работа е почитување, промовирање и кревање глас за правата на децата. Преку  своите активнсти  се обидуваме да ја информираме  и пошироката јавност  и сите наши партнери и соработници за проблемите со кои децата се соочуваат и да повикаме на превземање мерки кои ќе ја промовираат благосостојбата на децата од целиот свет. Паралелно со нашите активности за  лобирање,  ги охрабруваме децата активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки кои влијаат на нивните животи и, доколку е возможно, самите да се претставуваат.

СОС Детските Села ги почитуваат различните култури и религии и работиме во земји и заедници каде што нашата мисија може да придонесе кон нивниот развој. Работиме во духот на Конвенцијата за правата на детето на ООН и ги промовираме овие права низ целиот свет.

Во поново време работата на оваа организација се проширува надвор од рамките на згрижување на деца,во полето на превентивата  преку програмите за Зајакнување на семејствата. Низ работата со и за семејствата се стремиме  кон спречување на кризите кои можат во  да доведат до тоа децата да бидат приморани да го напуштат своето биолошко семејство. СОС Детските Села нудат различни форми на поддршка со цел зајакнување и стабилизирање на семејствата колку што е можно повеќе така што тие повторно ќе можат да управуваат независно со сопствените животи  и да се грижат за своите деца. Програмите за зајакнување на семејствата се  многу ефикасни во поддршка  на подобрување  на ресурсите на семејствата и заедниците, нивната способност да се само-организираат и нивната одговорност за благосостојбата на децата.

Во моментов во 500 СОС Детски Села низ целиот свет живеат околу 60 000 деца.


http://www.sos-childrensvillages.org/