Емилија Трајковиќ Христова

Директор на Skill Factory (ex-perform.bi) од Белгија

Член на Управниот одбор

Магистер по меѓународни односи

Стаж: Повеќе од 17 години, од кои повеќе од 14 години како менаџер и директор во ИБМ Холандија, ОНЕ Македонија и Скил Фактори од Белгија

Телефон: (02) 520 3333 (0)75 400170
e-mail:  emilijath@gmail.com

Родена е во Бор, Србија во 1968 година. Дипломира на Филолошкиот Факултент – Катедра за англиски јазик и литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Кариерата ја започнува во независната телевизија А1 во 1993 година, каде работи како проведувач во одделот за вести, а потоа и како преведувач во Владата на Република Македонија во 1994 год во Министерството за финансии. Од 1996 година заминува на постдипломски студии во Холандија каде ги завршува постдипломските студии за меѓународни односи на Институтот за општествени науки во Хаг, магистерските студии за меѓународни односи на Универзитетот на Амстердам и постдипломски студии за меѓународни и европски односи на Амстердамската Школа за меѓународни односи. Потоа ја започнува својата кариера во ИТ гигантот ИБМ, каде во текот на следните 9 години работи на менаџерски и директорски позиции во одделите за маркетинг, едукација, и софтвер поддшка. Од 2006 година, работи за Космофон, сегашен ОНЕ, како менаџер за развој, директор за односи со јавност и директор за човечки ресурси.

Во меѓувреме работи и како професор на Институтот за медиуми, по предметот организација и менаџмент, и како професионален тренер за компании и невладинин организации за евалуација на работниот учинок, развој на тим, менаџирање на тим и менаџирање на време, кризен менаџмент, комуникации итн.

Од 2011 работи како менаџер за човечки ресурси и проект менаџер во Шпанската компанијја ЦИЦ а од јуни 2013 и како директор на компанијата за регрутација на ИТ кадри - Скил Фактори со седиште во Белгија.