Александар Трајковски

М-р Александар Трајковски

Доцент на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА

Член на  Управниот Одбор

Магистер по музички науки
Стаж: 11 години 
Телефон: 075 456 444

e-mail:  aleksandar23mk@yahoo.com

Александар Трајковски е роден на 03.05.1978 во Скопје, каде што во 2002 година дипломира на Факултетот за музичка уметност, на одделот за музичка теорија и педагогија. На истиот, во 2007 година, под менторство на Проф. Д-р. Викторија Коларовска - Гмирја, го има одбрането и магистерскитот труд „Организацијата и содржината на музичката настава во Република Македонија во периодот од 1950 до 1962 година“, а во моментов, работи на докторската дисертација „Филмската музика како форма на комуникација: музиката во македонскиот игран филм во периодот од 1952 до 2011 година“, пријавена на Институтот за социолошки и политичко - правни истражувања, под менторство на Проф. Д-р. Ганка Цветанова. 

Својата професионална кариера ја започнува во 2003 година, како демонстратор по предметот Солфеж на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2009 година е избран за доцент по група предмети од областа на музичката теорија на Универзитетот за аудио - визуелни уметности ЕСРА во Скопје, каде што во 2010 е назначен и за раководител на одделот за вокална интерпретација. Од 2008 година работи и како хонорарен професор по предметот Музичка уметност во „Петта приватна гимназија“ во Скопје.

Со свои научни трудови, Трајковски учествува на повеќе меѓународни конференции и симпозиуми кои обработуваат теми од областа на музикологијата и музичката педагогија (IRAM; „Струшка музичка есен“ и др.). Покрај тоа, автор е и на повеќе десетици трудови објавени во реномирани музички списанија и научни зборници (списанието „Музика“, во издание на СОКОМ; зборниците на IRAM, во издание на IRAM; годишните научни зборници на тема „Музика - култура - образование“, во издание на ФМУ при Универзитот „Гоце Делчев“ од Штип и др.).

Посебно се истакнува неговата активност на полето на хорската уметност, континуирано членувајќи во повеќе хорови, од кои најмногу во Академскиот хор „Мирче Ацев“. Во 2005 година е избран за член на Управниот одбор на АКУД „Мирче Ацев“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Истата година е избран и за претседател на Академскиот хор „Мирче Ацев“, а од 2010 е избран и за претседател на Уметничкиот совет на истиот. 

Од 2002 до 2009 година, работи и како редовен музички соработник на месечното списание „Семеен магазин“, каде што се јавува како автор на рецензии за музички и културни настани, како и портрети и интервјуа со најистакнатите дејци од домашната музичка сцена.